... а бидејќи не е анти-реклама името на фирмата ке го обележам со ХХХХХ
Јас сум веќедолгогодишен корисник на една од интернет/тв/телефон комапните, дури си дозволувам да се ставам себе си во категорија на лојален потрошувач.
Плаќам сметки, вонајлоша варијанта еден месец покасно... со денешните приходи и тоа е миракле.
Иако сум претплатена на пакетот во кој има и телевизија и телефон и интернет, јас најмногу сум засегната за интернетот.
Поседувам wireless router (Netgear WPN824v3), кој нормално си го користам за да си овозможам удобно сурфање низ целиот мој стан. #thank2myman
Е сега Најмногу што ме нервира од техничкиот сектор на ХХХХХ е тоа што секој пат кога ќе се јавам за да пријавам или да се информирам за техничкиот дефект со кој се соочувам во моментот, прво што добивам одговор е “Дали поседувате рутер?„ нормално јас на тоа одговарам со афирмативен одговор, и како механизам им е веднаш да ја бараат вината во мојот прекрасен рутер. Хммм ама баш секој пат.
Но последниот пат беше доста интересно што дури дојде до ситуација да се убедуваме дали воопшто ми е или не ми е приклучен рутерот во струја, епа навистина претераа.
Јас разбирам дека поголемиот процент од нивните потрошувачи се технички необразовани лица. Тие техничко необразовани лица не дека не се способни, туку едноставно не се замараат бидејки сигурно имаат некое лице дома или во комшии кое е доволно запознаено со технологијата или пак наједноставно зошто да се замараат кога самите компании ангажираат „стручни„ лица (нормално со исклучоци) за да го средат вашиот/нашиот проблем.
Но еве јас која се разбирам во технологија и техника, зошто да бидам третирана како мутава? Ама баш буквално како да абер немам од ништо.
И дозволете ми да ви ја доловам ситуацијата:
- Добро вечер
- „ХХХ„ на линија како можам да ви помогнам
- Се извинувам но немам интернет може ли да видите зошто?
- Поседувате ли рутер?
- Да да! (јас пак горда на мојот рутер)
- Ај ве молам ресетирајте го
- Ама не сум приклучена на рутерот, директно преку модемот сум конектирана.
- Е, како госпоѓо еве овде гледам дека сте приклучен (види богати он од таму гледа ваму, хмм)
- Ама дечко со кабел директно сум на модемот и немам интернет...
И да не ја должам многу, муабетот нормално после 20 минути убедување, што дури отидов до таа крајност, го поканив да дојде да види дека рутерот воопшто не е ни приклучен во струја па камоли да сум јас преку него конектирана, дојде екипа што дојде после неколку дена да види всушност дека до модемот е проблемот и нормално добив нов модем (а нерутер)... Секоја чест битно го средија проблемот...
Ама мене ме интересира кога Маркетингот во Македонија ке се искачи на повисоко ниво и кога потрошувачите ќе бидат третирани како душа на фирмата. Нема потрошувач, нема профит мислам проста математика.
Значи Поука за сите оние кои основаат фирми за добра и услуги или веќе сте основале, Rule No.1 Потрошувачот е оној кој делигира дали фирмата ќе ви работите, и затоа негувајте си ги лојалните потрошувачи и ама не ги запоставувајте и потенцијалните.
Професорката по Маркетинг (btw прекрасен професор) не научи на 80/20 правилото кое вели 20% од лојалните потрошувачи го прават 80% од профитот... Многу логично...
И во име на Македонската Техничка Подршка ве поздравувам се мај фаворит IT Crowd...


No comments:
Post a Comment